Црвена ѕвезда го победи вечниот ривал Партизан со 2:0 во 166-тото српско дерби. Актуелниот шампион брзо ја реши енигмата и со два гола во првото полувреме успеа да слави победа и да се доближи на два бода до лидерот.
Норвежанецот Охи Омоиујанфо погоди во 29-тата минута, а по него и Катаи беше прецизен во 43-тата минута.
Партизан имаше шанса прв да поведе, но Холнаѓанецот Квинси Мениг промаши зицер во 19-тата минута.