Кличко како во деновите кога беше светски боксерски првак: На чекор сме од хуманитарна катастрофа, но ние сме силни и горди!

Виталиј Кличко како боксер беше познат по неговата храброст и против никого не се плашеше да ги вкрсти ракавиците во рингот. Кличко во боксот стана светски првак, но сега има многу поголем предизвик.

Некогашниот светски првак сега е градоначалник на Киев, главниот град на Украина, кој веќе неколку дена е под руска опсада. Кличко уште првиот ден од конфликтот позираше со оружје во рака и порача дека ќе го брани градот.

Во најновите информации, Кличко објаснува дека на Киев му се заканува хуманитарна катастрофа, но дека нема да се предадат.

„Во моментов имаме струја, вода и греење во нашите домови. Но уништена е инфраструктурата за достава на храна и лекови. На Украина ѝ е потребна поддршка. Ние сме силни. Секој Украинец е независен и горд што имаме своја држава“, рече Кличко.

Во Киев од саботата вечер до понеделник наутро има полициски час и украинските сили се обидуваат да се одбранат од руската офанзива.

- Оглас -

Најнови вести