Јувентус ја скроти и римската волчица

Јувентус ја скроти и римската волчица, славеше со 1:0 со голот на Марио Манџукиќ и продолжи да доминира во Калчото.

Старата дама постигна уште еден гол во финишот на мечот, но по чудната одлука да се провери ВАР системот, погодокот беше поништен, поради фаул што се случи претходно во акцијата за 2:0.

Сепак и триумф од 1:0 му беше доволен на лидерот и актуелен шампион да ги освои бодовите и да се зацврсти на првото место со 49 бодови, 8 повеќе од Наполи и 16 од Интер.

Јувентус е единствената екипа во Серија А без пораз, а има 16 победи во 17 кола и едно реми. Рома падна на десеттата позиција со 24 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести