Навивачите на Партизан, популарните Гробари, за време на вчерашното 166-то белградско дерби против Црвена ѕвезда направиле сериозна штета на јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“.
Иако дербито мина релативно мирно и без големи инциденти, сепак имаше кршење и палење столчиња. На трибините фалат над 2.500 седишта, а ако се знае дека цената на едно столче е 10 евра, штетата е околу 25 илјади евра.
Можно е Ѕвезда да испрати фактура до Партизан да ја плати штетата која ја направија неговите фанови. Во минатото ривалите го правеа ова, па нема да биде изненадување ако Црвено-белите се решат на таков чекор.