Браќата Кличко на црната листа на Путин, повеќе од 400 платеници ги бараат да ги убијат

Некогашните светски боксерски шампиони во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир Кличко, се на црната листа на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Виталиј по завршување на спортската кариера, започна да се занимава со политика, а од 2014 година е градоначалник на Киев. Токму Виталиј беше еден од првите кои реши да облече воена униформа и да го брани главниот град на Украина. Сегашниот градоначалник упати и порака до Русите.

„Одете дома, нема што да барате тука. Се надевам дека Русите ќе се вратат во Русија. Горд сум што гледам колку Украинци го бранат Киев и целата држава. Тие ги бранат своите домови, своите семејства, својата држава“, рече Виталиј Кличко.

Според пишувањата, претседателот на Русија, Владимир Путин, имал црна листа на која се двајцата поранешни боксерски прваци, како и уште 20-тина еминентни личност од Украина. Се верува дека Путин испратил околу 400 платеници кои треба да ги елиминираат сите кои се на црната листа.

Неименуван извор вели дека во јануари низ цела Украина биле распоредени меѓу 2.000 и 4.000 платеници. Војната во Русија трае веќе неколку дена и засега нема сигнали за смирување на ситуацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести