Светската и Европската фудбалска асоцијација испратија заедничко соопштение во кое потврдуваат дека го суспендираат рускиот фудбал на неодредено време.
Ова значи дека репрезентацијата на Русија нема да игра во баражите за Светско првенство, а клубот Спартак Москва, кој требаше да игра осминафинале во Лигата на Европа против Лајпциг, ќе нема право на настап во Лигата на Европа.
„Фудбалскиот свет е обединет и солидарен со народот на Украина. Претседателите на ФИФА и УЕФА се надеваат дека ситуацијата во Украина брзо и значително ќе се подобри, па фудбалот повторно ќе биде тој што ќе придонесе за обединување и мир меѓу луѓето“, порачуваат ФИФА и УЕФА.