Елина Свитолина, која е прва носителка на ВТА-турнирот во Монтереј, се повлече од натпреварувањето откако на ждребот ја доби Русинката Анастазија Потапова.
Украинката очекувано донесе таква одлука по агресијата на Русија над нејзината држава, а воедно бара од ИТФ да се прифати барањето на меѓународниот олимписки комитет, односно руските и белоруските натпреварувачи да не се натпреваруваат под нивните знамиња.
„Оваа ситуација бара јасен став на Светската тениска организација бидејќи ние и тенисерите бараме да се почитува одлуката на Меѓународниот олимписки комитет. Односно руските и белоруските тенисери и тенисерки да не се натпреваруваат под нивните знамиња.
Не ги кривам руските спортисти, тие не се воопшто виновни, напротив ги поддржувам сите тие што јавно кажаа дека не треба да има војна“, изјави Свитолина.
Таа во моментов е на 15-тото место на ВТА-листата.