Црвена ѕвезда не се откажува од „Газпром“, гигантот останува на дресовите

УЕФА го раскина договорот за спонзорство со рускиот нафтен гигант „Газпром“, тоа го стори и клубот Шалке 04, но нивните чекори нема да ги следи и белградската Црвена ѕвезда.

„Газпром“ е меѓу главните спонзори на српскиот првак, стои на предната страна на дресовите и така ќе остане.

„Не сме добиле барање да го тргнеме ‘Газпром’ од дресот, се надевам и дека нема да дојде до тоа, тоа би било лудост. Таа компанија е со нас од 2010 година, беа со нас кога ни се закануваше пропаст и клуч на врата. Којзнае дали клубот ќе постоеше ако не се појавеше тогаш поддршката од ‘Газпром’. Никогаш нема да заборавиме што таа компанија направи за клубот“, изјави генералниот директор на Црвено-белите, Звездан Терзиќ.

Ѕвезда од ‘Газпром’ добива 4 милоиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести