Бојан Крстевски, кошаркарот на МЗТ Скопје, ќе мора да паузира две недели откако се здоби со повреда на препонот.
Крилниот центар ваквата повреда ја доби по активностите со нашата селекција во рамките на квалификациите за СП 2023, а првакот ќе мора да пронајде начин за да го надополни неговото отсуство за следните натпревари.
Новиот тренер на МЗТ, Александар Петровиќ уште на стартот се соочува со проблеми бидејќи во наредниот период ќе играат исклучително важни натпревари против Работнички, Ангели и Гостивар, a потоа ќе продолжат со активности во АБА 2 лигата.
Крстевски е веќе трета сезона дел од тимот на МЗТ Скопје, каде што во минатата натпреварувачка година ја освои и двојната круна.