УЕФА најавува казна и за Пари Сен Жермен, но со рок до следното лето, откако веќе ги санкционираше парично Вардар, Левски и Спортинг Лисабон.
Вардар како што е познато треба да плати 100 илјади евра глоба и да ги подмири сите долгови нотирани од УЕФА со рок до 31. јануари. Левски е исто така казнет, како и Спортинг, но нема ништо од очекуваните казни за клубовите од поразвиените фудбалски земји, како ПСЖ од Франција и Манчестер сити од Англија, кои го прекршија финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Според информациите што протекоа од „Football Leaks“, УЕФА веројатно ќе му наложи на ПСЖ да ја пополни дупката од 170 милиони евра, со која го урива финансискиот фер-плеј, но тоа ќе биде догодина, секако ако биде.
Ваквиот однос на европската куќа на фудбалот наиде на потсмев и на социјалните мрежи, а реакциите беа интересни.
„Добро е ми олесна. УЕФА ги казни големите клубови како Вардар и Левски за пример. Каде се Пари Сен Жермен и Манчестер сити?“, беше една од повпечатливите реакции на Твитер.