Кралот на циганите најави спектакуларна борба и заминување во пензија

Еден од најпознатите боксери на денешницата, Тајсон Фјури, најави дека борбата против Дилијан Вајт ќе му биде последна во неговата кариера.

Кралот на циганите, како што самиот се нарекува Фјури, ќе се соочи со Вајт на 23 април на „Вембли“ и тоа ќе биде неговата последна професионална борба во кариерата.

Ова ќе биде мојата последна борба. Имам 100 милиони евра во банка, јас сум млад здрав и ќе си купам јахта. Ова ќе биде спектакуларна борба, а од мене толку е, јас заминувам да уживам“, изјави Фјури.

Британецот кој доаѓа од Манчестер е двократен светски првак во тешка категорија, а во својата кариера од 32 борби има 31 победа, од кои 22 со нокаут, додека сè уште нема пораз бидејќи една борба во кариерата ја завршил со нерешен исход.

- Оглас -

Најнови вести