Хамбургер ја доби големата битка против Карлсруе и ќе биде единствениот второлигаш во завршницата на Германскиот куп, во која влегуваат како најтрофеен клуб со три пехари.
На патот кон четвртиот редат подвизи и третпат по ред успеаја да победат на пенали, вечерва на својот стадион против Карлсруе со 3:2 по удари од белата точка.
Во регуларниот дел беше 2:2, а Хамбургер успеа да анулира негатива од два гола. Во продолженијата од по 15 минути немаше гол, па се шутираа пенали.
Тука фудбалерите на Хамбургер уште еднаш покажаа дека се вистински мајстори и се пласираа во полуфиналето откако претходно на ист начин ги елиминираа и Нирнберг и Келн во двете претходни фази.
Хамбургер е поранешен европски првак од 1983 година, а интересно е што како единствен второлигаш во полуфиналето во популарниот ДФБ Покал е и најтрофеен.
Имаат три пехари во Германскиот куп, што е најмногу во конкуренција на Унион Берлин, Лајпциг и победникот од дуелот меѓу Бохум и Фрајбург, кој е во тек.