Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, најави дека идејата за формирање на Суперлига повторно е активна и дека се подготвува поинаков план за формирање на ново фудбалско натпреварување.
Се работи за отворено натпреварување кое ќе има две лиги со по 20 клубови. Екипите од Лигата Б ќе може да напредуваат во елитниот дел, додека најслабите од Лигата А ќе испаѓаат во послабо натпреварување.
Andrea Agnelli presents the “new” and more accessible Superleague today at the FT Football summit. A format that should be more open to the league results even if its unthinkable that it would be the only avenue to reach the league of the big teams.
[GdS via @capuanogio] pic.twitter.com/2nnSzthMHo
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) March 3, 2022
Првиот обид за формирање на Суперлигата беше пред една година, но обидот беше неуспешен. Од планираните 12 клубови, на крајот останаа само три, и тоа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Токму овие европски гиганти сега повторно се најактивни во формирањето на новото натпреварување.
По овие најави за формирање на Суперлигата, веднаш стигна реакција и од УЕФА. Претседателот Александер Чеферин рече дека организаторите на Суперлигата во првиот обид како адут ја користеле пандемијата со корона-вирусот, а сега ја користат војната во Украина.
„Сите клубови се слободни да формираат свое натпреварување, но тие клубови потоа да не очекуваат дека ќе може да се натпреваруваат под капата на УЕФА. Претходно ја користеа пандемијата, а сега ја користат војната“, рече Чеферин на Бизнис-фудбал самитот кој го организираше „Фајненшл тајмс“.
Extraordinary scenes and tension at #FTFootball as La Liga head Javier Tebas calls out Juventus chairman Andrea Agnelli (seated w back to me at front table in pic) and launches against the 3 clubs still pushing the Super League
“They lie more than Putin!”
🥶🥶🥶 pic.twitter.com/nH8ILBbiFC
— Arash Massoudi (@ArashMassoudi) March 3, 2022
УЕФА планира од 2024 година Лигата на шампионите да ја зголеми на 36 клубови, но новата идеја за Суперлигата може да го расипе овој план.
За потсетување, во ланскиот план за формирање на Суперлигата, освен Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, беа вклучени и Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер и Атлетико Мадрид.