Навивачката песна која ја пејат фановите на Тотенхем, а посветена е на новото засилување на клубот од јануари, Дејан Кулушевски, стана хит на интернет. Швеѓанецот со македонско потекло брзо стана миленик на поддржувачите на Тотенхем, па тие смислија песна за него.
Музиката е од познатиот хит на легендарната шведска група „АББА“, тоа е песната „Гими гими“.
Уфрлени се зборовите „џинџер“ (израз за луѓе со светло црвена и портокалова коса) од Шведска, дојде од Јувентус, игра како крило, џинџерот од Шведска, број 21, неговото име е Кулушевски.