Има нешто поважно од фудбалот: Теренот сега им е претворен во бегалски камп за Украинците

Тренинг-стадионот на романската екипа Поли Јаши сега е претворен во бегалски камп. Инспекторатот за вонредни ситуации во Јаши постави 33 шатори опремени со греење, осветлување и кревети за да може да се сместат 200 украински бегалци.

Поставена е и мобилна кујна, па бегалците би требало да имаат основни услови за преживување откако мораа да ги напуштат своите домови поради војната во Украина. На теренот на кој сега има бегалски камп, игра младинската екипа на Поли Јаши, а првиот тим оваа зима таму ги играше сите пријателски мечеви.

„Ова е ситуација на виша сила. Ние совршено ја разбираме и им даваме целосна поддршка до бегалците. Ќе се обидеме да им помогнеме колку што можеме. Сега има поважни работи од фудбалот и нашите тренинзи. Сепак, се трудиме да најдеме и соодветно решение за да може децата од нашиот клуб да продолжат со спортските активности“, порача менаџерот на академијата на Политехна, Цезар Хончериу.

- Оглас -

Најнови вести