Андриј Шевченко кој од Лондон ги следи настаните во својата земја, рече дека се плаши за животот на неговата мајка, бидејќи таа живее блиску до аеродром кој е бомбардиран од Русите.
„Фудбалот веќе не постои за мене, бидејќи животот на моите најблиски е во опасност. Мајка ми ме разбуди ноќеска, за да ми соопшти дека пукаат по неа. Таа живее во близина на аеродром кој е бомбардиран од Русите. Куќата ѝ се тресе од експлозиите, а се слушаат и истрели. Тетка ми живее во подрум, четири дена е под земјам се плаши да излезе“ – раскажува популарниот Шева кој бара поголема помош за Украина бидејќи секое доцнење може да биде фатално.