Бензема и Модриќ со нови историски настапи за Реал – Ѕвездите на ПСЖ шокирани од Ница (ФОТО)

Реал Мадрид и ПСЖ во среда ќе ги одмерат силите во рамките на реваншот од осмина-финалето во Лигата на шампионите, откако првата средба заврши со минимална победа на францускиот тим.

Вечерва особено разочара настапот на тимот од Париз изгуби со 1:0 на гостувањето кај Ница. Маурицио Покетино истрча со најдобриот состав што го имаше на располагање за оваа средба, а тоа значеше настап на сите ѕвезди, освен на Мбапе кој одмараше поради жолти картони.

ПСЖ и да немаше поконкретна закана, а единствениот гол падна во 88-та минута и беше дело на Енди Делорт.

Реал Мадрид, иако губеше од Реал Сосиедад, успеа да направи целосен пресврт и да победи со 4:1.

Ојарзабал погоди за водство на гостите од пенал во 10-та минута, но до во период од 40-та до 43-та минута, Реал со головите на Едуардо Камавинга и Лука Модриќ поведе со 2:1.

Модриќ со 36 години и 177 денови стана најстар играч на Реал Мадрид кој што погодил надвор од 16-те метри.

Печат на победата стави Карим Бензема (75′) со удар од белата точка, а само неколку мигови подоцна, во листата на стрелци се запиша и Маркос Асенсио. За Бензема, пак, ова беше 20-от гол во Ла Лига и стана седмиот играч кој постигнал толкав број на погодоци, четири сезони по ред. Тоа претходно им успеало на Лионел Меси, Луис Суарез, Кристијано Роналдо, Алфредо ди Стефано, Мундо и Хуги Санчез. Сега Реал сега има 63 бода и ѝ избега на Севилја на плус осум.

 

- Оглас -

Најнови вести