Невидена тепачка на стадион во Мексико, се шпекулира дека има и 17 мртви (Фото+Видео)

На мечот помеѓу Керетаро и Атлас во Мексико, се случи масовна тепачка помеѓу навивачите на двата клуба.

Имаше хорор сцени, претепани луѓе, а некои родители им ги соблекуваа дресовите на своите деца за да не бидат нападнати и бегаа да ги спасат.

 

Според некои информации, има 22 повредени, од кои пет потешко, а се шпекулира дека има и 17 мртви. На некои вознемирувачки фотографии, се гледаат навивачи како лежат во крв и не мрдаат, па веројатно тоа придонесе да се појават гласини дека има и загинати во овие нереди.

Погледнете како изгледаше мал дел од незапамтениот хаос а трибините и на терен:

- Оглас -

Најнови вести