Неверојатна „икс“ серија на Џенова која е вистинска реткост во топ 5 лигите

Екипата на Џенова го одигра шестиот натпревар по ред без да победи или изгуби во италијанската Серија А лига.

Овојпат, довчерашниот тим на Горан Пандев одигра 0:0 против Емполи во првиот меч од денешната програма во Серија А лигата.

Претходно Џенова ремизираше со Интер (0:0), Венеција (1:1), Салернитана (1:1), Рома (0:0) и Удинезе (0:0).

И покрај тоа што немаат пораз веќе од крајот на јануари, овие резултати не се доволни за да се мрдне тимот од претпоследното место, каде што по 28 одиграни натпревари имаат 18 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести