Мајсторски намириса „два у кец“ и со 20 денари си ќари 1.500 евра (Фото)

Мајсторски одигран тикет само со пет пара, уплатен за минималец од 20 денари во обложувачкото место Драчево 2 на Sport Life, донесе топ-добивка од 90.740 денари.

ДА СЕ ПОГОДИ ПРЕСВРТ Е УМЕТНИЧКО ДЕЛО, НАГРАДАТА Е 1.500 ЕВРА

Особено прецизно е погодена најтешката од сите игри, со пресврт „два во еден“ на дуелот од Втората лига во Белгија меѓу Васланд Беверен и Екселзиор Виртон со коефициент од 24.5.

Гостите водеа по првото полувреме со 0:1, а потоа се случи комплетен пресврт и победа на домашниот тим од 3:1.

Тоа беше претпоследниот меч на тикетот откако претходно беа погодени и дуелите меѓу Мускрон и Моленбек со тип Х-2 и коефициент од 5.45, победата на Порто против Пашош Фереира на гости со знак 2-2&2+ прво полувреме со квота 4.10 и Лил против Клермонт со знак 1&1+I&1+II со коефициент 3.25.

Остана само дуелот меѓу Бетис и Атлетико Мадрид типуван со чиста двојка со квота 2.55, а шампионот на Шпанија со победа од 3:1 во Севилја донесе многу радост во Драчево и одлична добивка од 1.500 евра за уплата само од 20 денари.

ЈА ЗНАЕ ПРЕМИЕР ЛИГАТА НА ПРСТИ, ДОДАДЕ ШПАНСКА ПРИМЕСА ЗА ЌАР ОД 116 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

И во Волково, скопско, викендов има топ-тикет со погодени 9 натпревари од Премиер лигата и плус еден од пониските лиги на Шпанија и за уплата од 60 денари, си ќари 116.397 денари во бруто-износ.

Тикетот е ремек-дело бидејќи со конечен исход се погодени 8 дуели од најсилното фудбалско првенство на Англија, само манчестерското дерби што го доби Сити против Јунајтед со 4:1 е типувано на голови со ГГ&3+.

Погоден е и дуелот од пониските лиги на Шпанија, меѓу Мерида и Дин Бенито одигран со голови 3+, а заврши 3:0 за домаќините за комплетно прецизно одиграни и фатени 10 натпревари на тикетот уплатен во Волково.

ЧАИРСКА РОМАНТИКА, СО СЕДУМКА ЗА 50 ДЕНАРИ, СИ ГО НАПОЛНИ ЏЕБОТ СО 176 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Во уплатното место Чаир 2 на Sport Life во познатата скопска населба обложувач со погодена седумка и уплата од 50 денари си ќари огромна сума од 176.595 денари во бруто-износ.

Мајсторски се одиграни четири натпревари дека фаворитите Арсенал, Селтик, Барселона и Порто ќе победат на гости, но и дека ќе примат гол, дополнето со два меча со играта 1-2I&1-2II и победа на АЕК против Астерас со предност и по првото полувреме, односно 1-1.

Најтешко беше на дуелот во Шпанија, каде што Елче имаше предност од 1:0 по првото полувреме и до 61-вата минута, кога Феран Торес израмни на 1:1, а потоа Мемфис Депај во самиот финиш ѝ донесе победа на Барселона од 2:1 со комплетен пресврт.

ВО ПРИЛЕП СИ НАНИЖА ПЕТКА СО ГОЛ-ГОЛ ПРВО ПОЛУВРЕМЕ И СИ ЗАМИНА СО 160 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Прилепчани се одлични прогнозери и обложувачи, а тикетот што е уплатен само за 50 денари во обложувачкото место Прилеп 4 на Sport Life е доказ за мајсторлукот.

Погодени се пет натпревари со идентична игра Гол-Гол во прво полувреме, која е една од најтешките за играње, но и носи големи добивки само за 45 минути игра.

Ватфорд и Арсенал, Селта и Мајорка, Картахења и Еибар, Гимараиш и Фамаликао и НЕК Најмехен и АЗ Алкмар играа како по ноти и даваа голови во првото полувреме, па добивката е огромна во Прилеп и изнесува 159.681 денари за скромна уплата само од 50 денари во Sport Life.

СЕ ВРАЌА СТАРАТА ШКОЛА НА ОБЛОЖУВАЊЕ – ПОГОДИ КОНЕЧНИ ИСХОДИ НА 8 МЕЧА И СИ ДОБИ 145 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Старата добра школа на обложување со типување на конечен исход на натпреварите со 1,Х, или 2 му донесе огромна добивка на обложувач од Пехчево, кој погоди 8 натпревари.

Милан и Атлетико Мадрид ги добија дерби-дуелите со Наполи и Бетис на гости, има погодено и една „нула“ во Шпанија и уште пет единици, односно победи на домашните екипи.

Миксот од различни лиги донесе огромна радост во Пехчево и добивка од 145.306 денари со уплата за 100 денари.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести