Никој нема повеќе победи во НБА од Поп, Харден го надмина Реџи Милер, Јокиќ и Дончиќ газат (Видео)

Сан Антонио спарс го победи Лос Анџелес лејкерс со 117-110 и со овој триумф, Грег Попович се изедначи со Дон Нелсон на првото место на вечната листа на тренери со најмногу победи во НБА.

Попович и Нелсон имаат по 1.335 победи, а в среда вечер популарниот Поп, кој 26-та сезона е тренер на Спарс и има пет титули во кариерата, против Торонто репторс има прилика сам да избие на прво место. Леброн Џејмс не беше во тимот на Лејкерс и со тоа на Мамузите им беше олеснета работата.

Ноќеска Џејмс Харден ја постигна својата 2.560-та тројка во НБА, со што го надмина Реџи Милер на третото место на вечната листа на најдобри тројкаши во историјата. Пред Харден се само Стеф Кари и Реј Ален. Харден стана и деветти најуспешен изведувач на слободни фрлања во историјата по бројот на погодени слободни.

Филаделфија на Харден го победи Чикаго со 121-106, а најзаслужен беше Џоел Ембид со 43 поени. Детроит по продолжение ја совлада Атланта со 113-110, а најубедлива беше Минесота, која со 43 поени разлика (124-81) го растури Портланд.

Далас ја врза и петтата победа по ред, Маверикс ја совлада Јута со 111-103 во меч на кој Лука Дончиќ имаше 35 поени и негов сезонски рекорд 16 скока, а имаше и мал инцидент со Руди Гобер. Никола Јокиќ со трипл-дабл од 32 поени, 15 скока и 13 асистенции го предводеше Денвер до трета победа по ред. Жртва на Грутките беше Голден стејт.

Џулиус Рендл со личен рекорд од 46 поени му донесе победа на Њујорк против Сакраменто.

Ова е тројката со која Харден изби пред легендарниот Милер:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести