Поранешен голман на Партизан се обиде да се самоубие!

Црногорскиот голман Младен Божовиќ (37 години) се обиде да изврши самоубиство и моментално се наоѓа во тешка здравствена состојба. Според српските медиуми, Божовиќ двапати си пукал во градите и еднаш во бутот, а сега лекарите се борат за неговиот живот.

Божовиќ е поранешен голман на Партизан. Меѓу Црно-белите пристигна во јануари 2008 година и бранеше до 2010 година. Освои три титули во првенството и два Купа на Србија.

Освен за Партизан, има брането и во екипите на Забјело, Младост, Ком, Видеотон, Томск, Химик, Зета и Лариса. Беше и репрезентативен голман на Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести