Најдобриот тим лесно ќе се справи на гости кај најслабата екипа

8355 Индијана – Кливленд (01 ч.)

Кливленд има четири победи во низа во дуелите со Индијана, па гостите се полни со самодоверба дека оваа низа ќе продолжи. Индијана нема шанси за плејофот, додека Кливленд се бори да го задржи шестото место на Истокот.

Доколку нема изненадувања, Кливленд ќе победи, иако овој тим нареди четири порази во последните четири гостувања.

Предлог тип: 2 (1.57)

 

8356 Орландо – Феникс (01 ч.)

Дуел на најслабиот и најдобриот тим во НБА. Орландо има само 16 победи во 65 меча, додека Феникс игра сезона за памтење, па Сонцата имаат 51 бод во 64 средби. Сезонава одиграа еден меч и Феникс победи со убедливи 27 разлика.

Феникс влезе во мини-криза и има три порази во последните пет кола, па токму ова гостување кај Орландо може да биде враќање на победничките патеки.

Предлог тип: 2 хендикеп 7,5 (1.90)

 

8360 Кевин Дурант од Бруклин (01 ч.)

По враќањето на теренот, Кевин Дурант покажа дека е во одлична форма. Првата ѕвезда на Бруклин речиси два месеци беше во аут поради повреда на коленото, а откако се врати, на двата меча кои ги одигра, едноставно блеска.

Против Мајами даде 31 поен, а во дуелот со Бостон реализира 37 поени. Бруклин сега гостува кај Шарлот, а токму Дурант треба да биде играчот што ќе донесе победа на својата екипа.

Предлог тип: плус 29,5 поени (1.87)

 

8529 Голден стејт – ЛА клиперс (04 ч.)

Голден стејт е во голема криза. Воините имаат пет порази по ред и дури девет неуспеси во последните 11 меча. ЛА клиперс е солиден тим кој може секого да изненади и гостите сигурно ќе сакаат да ја искористат лошата форма на домашниот состав.

Двата тима негуваат офанзивна игра, па не случајно меѓусебните дуели најчесто им се кош-шоу.

Предлог тип: >220,5 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести