Португалија остана без одбрана за Турција, може да биде добро и за Македонија

Португалците имаат големи маки само на 16 дена до почетокот на бараж-мечот за Светско првенство против Турција, што ќе се игра на „Драгао“ во Порто, а речиси комплетната одбрана им е во аут.

Стоперот на Манчестер сити, Рубен Дијас е повреден, ист е случајот и со Нелсон Семедо од Вулверхемптон, а право на настап нема и десниот бек Жоао Кансело, кој му е соиграч на Дијас во Манчестер сити.

Сега нов проблем е и Рафаел Гереиро, кој има позитивен тест на ковид-19, но тој би можело да биде во комбинација за настап на 24 март, иако сега е прашање во каква физичка кондиција ќе биде играчот на Борусија Дортмунд.

Ова може да биде добро и за Македонија бидејќи втор и последен противник на патот кон Катар и прв настап на Светско првенство би можело да ни биде Португалија, но само ако ние ја победиме Италија во Палермо на 24 март, а европските Бразилци бидат подобри од Турција.

Турците барем на хартија би ни биле полесен ривал, иако Македонија би гостувала или кај нив во Истанбул на 29 март или во Порто на истиот датум, зависно кој ќе победи во нивниот меѓусебен бараж-меч.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести