Ова стана лоша пракса – Повторно му се слоши на навивач, Клоп реагираше експресно

Зачестија проблемите со навивачите на трибините, а вечерва повторно симпатизер на фудбалски натпревар имаше здравствени проблеми, овојпат на познатиот Коп на Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Мечот со Интер беше прекинат на 5-6 минути за да му се пружи помош на несреќниот навивач, а засега не е познато за каков проблем се работи.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реагираше брзо и веднаш побара од четвртиот судија на мечот да побара медицинска интервенција на „Енфилд роуд“.

Според апалузот на стадионот може да се претпостави дека ќе нема фатални последици, а првото полувреме од реванш-дуелот меѓу Ливерпул и Интер беше продолжено за 5 минути.

По првиот дел резултатот е 0:0, па Ливерпул ја задржа предноста од 2:0 од првиот меч во Милано и е многу блиску до четвртфиналето.

Проблемите со навивачите, кои имаат здравствени проблеми, зачестија во последно време, а тоа особено често се случува на натпреварите во Англија.

Имаше неколку вакви прекини за да им се укаже лекарска помош на луѓе на трибините, а најчесто причината беше срцев удар.

 

- Оглас -

Најнови вести