Филип Миркуловски останува во Вецлар до 2020 година. Ова стана јасно откако македонскиот интернационалец се сложи да го продолжи договорот со германскиот бундеслигаш.
„Среќен сум што останувам во клубот. Тука сум веќе четири сезони и со моето семејство се чувствуваме како дома. Горд сум што останувам во клубот кој има одлични навивачи. Јас и понатаму ќе го давам максимумот за Вецлар“, изјави Миркуловски.
Само еден ден пред да го продолжи договорот со својот клуб, стигна веста дека Миркуловски нема да може да ѝ помогне на македонската селекција на Светското првенство во Германија и Данска. Поради честите повреди, Филип одлучи да го отстапи местото на помладите.