Интер се откажа од Ремзи, Велшанецот пред потпис со Јувентус

Интер крена раце од обидот да го ангажира Арон Ремзи како слободен играч по крајот од сезоната откако Јувентус му понуди многу попримамлива плата на велшкиот репрезентативец, која најверојатно ќе ја прифати.

На фудбалерот на Арсенал му истекува договорот во јуни, а неговиот агент може да преговара со клубови надвор од Премиер лигата и предвреме да му обезбеди нова средина. Доколку се согласи да потпише за италијанскиот првак, Ремзи ќе биде втор најплатен играч со годишна плата од 10 милиони евра, пред него ќе биде само Кристијано Роналдо, кој заработува неверојатни 30 милиони евра по сезона.

„Старата дама“ може да си дозволи да му даде голема плата на Велшанецот бидејќи нема да платат обештетување за неговите услуги, а јасно е дека Ремзи нема да ја продолжи кариерата на „Емирати“ откако Арсенал не сакаше да му ги исполни барањата.

За услугите на Ремзи се интересираа и Баерн Минхен и ПСЖ, но по сите изгледи, Јуве ќе ја добие битката за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести