Тајната операција на Наполи: Кулибали веќе потпиша нов договор

Калиду Кулибали потпиша нов договор со Наполи и стана најплатен играч во редовите на италијанскиот првак. Новината од Апенините доаѓа како гром од ведро небо, тајната операција на „наполитанците“ заврши успешно. Соработката ќе трае уште пет години, а Кулибали ќе заработува шест милиони евра по сезона.

Сенегалскиот репрезентативец на тој начин го извиси Манчестер јунајтед, кој притискаше да го доведе во јануарскиот преоден рок, а во неколку наврати се споменуваа енормни суми од 100 милиони евра за да се реализира овој трансфер. Сепак, дваесет и седумгодишниот дефанзивец останува верен на Наполи, а за клубот е најважно што во новиот договор нема клаузула, што е еден проблем помалку за претседателот Де Лаурентис.

Кулибали претходно на стартот од сезоната ја обнови соработката со италијанскиот вицепрвак, додека неговите одлични настапи сезонава го натераа клубот да му ја зголеми платата со цел да го задржи на „Сан Паоло“.

- Оглас -

Најнови вести