Хулиганите од Лондон и Франкфурт се испотепаа во далечната Севилја (Видео)

Гостувањето во Севилја во исто време, навивачите на Ајнтрахт и Вест хем го искористија за меѓусебна масовна тепачка.

УЕФА намерно го помести мечот Бетис – Ајнтрахт за среда (синоќа), а вечерва играат Севилја – Вест хем за да се избегнат инциденти, но изгледа се плашеа од нереди помеѓу двете локални навивачки групи, кои се лути градски ривали, а не помислија дека странците ќе се судрат едни против други.

Информациите се дека навивачите на Ајнтрахт ги нападнале навивачите на Вест хем, летаа шишиња, стапови, столици… Подоцна се појавила и полиција, кога инцидентот веќе бил при крај.

Еве мал дел од тепачката:

- Оглас -

Најнови вести