Градоначалникот на Марсеј им фрли сол на рана на парижаните

Само што заврши синоќешниот неверојатен меч помеѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, на кој шпанскиот клуб славеше со 3-1 и ги елиминира Светците, преку „Твитер“ се јави градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан.

ПСЖ е најомразен клуб во Марсеј, во Марсеј се радуваат на секој неуспех на парижаните, па дури и градоначалникот на тој град не ја пропушти шансата да им фати сеир на спортските ривали. Пајан објави ѕвезда која дополнително ги разлути фановите на ПСЖ, кои и онака беа во шок.

Ѕвездата ја симболизира европската титула на Олимпик Марсеј од 1993 година и синоќа стана јасно дека Марсеј барем уште една година ќе биде единствен француски клуб во историјата кој ја освоил Лигата на шампионите.

Заменик-градоначалникот на Париз за објавата на Пајан изјави: „Кога Марсеј губи, ние сме на нивна страна и ги поддржуваме. Марсеј е убав град и заслужува почит. Тоа е спортски дух“.

- Оглас -

Најнови вести