Во ВАР-собата во Англија се спие, на сите маки, Лидс е и драстично оштетен (Видео)

Лидс е во голема криза и повторно загуби меч во Премиер лигата, вчера со 0:3 од Астон вила, но екипата од Јоркшир беше драстично отштетена  во 16-тата минута, при резултат 0:0.

Оли Воткинс стартуваше грубо со отворен ѓон во дуелот со Лук Ајлинг и наместо да биде исклучен, доби само жолт картон.

Потфрлија судиите во ВАР-собата, кои не му сугерираа на главниот арбитер Симон Хупер да го провери моментот и стартот на напаѓачот на Астон вила со помош на ВАР-системот.

Според правилата, со ВАР-системот е дозволено главниот судија да проверува старт што е сомнителен ако се работи за исклучување, а Воткинс по сите правила на фудбалската игра, требаше да добие црвен картон.

Watkins challenge on Ayling from soccer

Потоа следуваше нов потоп на Лидс и пораз од 0:3, а урнат е и црниот клупски рекорд.

Со тројката што ја примија од Астон вила, сега имаат примено 64 гола по 28 кола, што е најлош ефект во клупската историја на Лидс, односно првпат примиле толку голови по одиграни 28 натпревари во кое било натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести