Судискиот одбор во Туската фудбалска федерација направи невидена чистка и елиминира дури 13-мина судии на фудбалските натпревари, а меѓу нив е и познатиот Џунејт Чакир.
Поради постојаните поплаки од клубовите за лошо судење, но и поради стандардните возрасни граници за судење, донесена е драстична мерка и 13-темина судии што се на списокот нема да судат до крајот на оваа сезона, а дел од нив и ја завршуваат кариерата со одлуката на Бордот на судии во Турција.