Денешното Собрание на ФФМ донесе и пормена на натпреварувачкиот систем кој ќе се имплементира од наредната сезона.
Доесгашната Втора лига која што е поделена на Исток и Запад со по 10 екипи, од наредната сезона ќе биде единствена, односно ќе се натпреваруваат 16 екипи на целата наша територија.
Во првата лига, пак нема никакви промени. Двата последни тима испаѓаат во понизок ранк, додека анредните две екипи играат бараж со третто и четвртто пласираните екипи од новата, единствена Втора лига, додека најдобрите две екипи од второлигашкото друштво ќе влезат во најсилниот ранк наредната сезона.