Поранешниот француски репрезентативец Адил Рами минатото лето се врати во Франција и потпиша за тимот на Троја. Искусниот дефанзивец минатата сезона го носеше дресот на Боависта во Португалија, но по 22 одиграни меча, челниците на клубот решија да му го раскинат договорот.
Рами реши да го тужи клубот поради неоснован раскин на договорот и сега го доби спорот, па си заработи 200.000 евра. Тоа е сумата која Боависта треба да ја плати на Рами. Иако првично од Боависта одбија да ја исплатат оваа сума, Рами контактирал со ФИФА и УЕФА, кои застанале на негова страна.
Боависта има рок до 19 мај да ги исплати парите, инаку ќе биде жестоко казнета. Рами кој во кариерата настапуваше и за Марсеј, Валенсија, Милан, Севилја, Фенербахче… има заработено прилично добра сума играјќи фудбал, но не сакаше да ги остави и тие 200.000 евра кои му ги должеше Боависта.
Рами во приватниот живот е познат по бурната врска со популарната Памела Андерсон, а на професионален план најголем успех му е освојувањето на светската титула во Франција на Мундијалот во Русија пред четири години.