Ливерпул без проблем славеше на гости кај Брајтон, во меч на кој гостите дадоа два гола. Двата погодоци беа посебно интересни. Голот со кој Салах зголеми на 2:0 беше јубилеен 2.000-ти за Ливерпул во Премиер лигата.
Голот за 1:0 го даде Луис Дијас кој може да биде среќен што не претрпе потешки повреди. Напаѓачот на Ливерпул погоди со глава, а само што ја удри топката со глава, доби нокаут со нога од голманот на Брајтон, Роберт Санчес.
Шпанскиот голман на голот на Брајтон сакаше, но не успеа да стигне прв до топката, па едноставно го нокаутираше Дијас. Судиите во ВАР собата решија да ја прегледаат ситуацијата поради опасниот старт, но одлуката беше неверојатна. Голманот на Брајтон не само што не беше исклучен, туку воопшто не доби ни жолт картон.