Феенорд и Интер играат против ривали кои ги победиле на последните пет меча

3009 Торино – Интер (20:45 ч.)

Торино два месеци нема победа, односно во последните шест кола (три порази и три нерешени). Интер до крајот на првенството секој меч ќе му биде битен во трката за титулата. Нераѕурите имаат одлична серија од пет победи во низа против Торино, а четири пати тоа било во мечеви со минимум три погодоци.

Интер сезонава на гости има само еден пораз во 13 средби, но дури пет пати ремизирал.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.79)

 

1810 Гројтер Фурт – Лајпциг (19:30 ч.)

Гројтер Фурт веќе се подготвува за заминување од Бундеслигата, додека Лајпциг има реални шанси да се бори за место кое води во Лигата на шампиони.

Во есенскиот дел од сезоната Лајпциг дома победи убедливо со 4:1, па се очекува и сега тоа да биде тимот кој ќе доминира.

Предлог тип: 2-2 (1.99)

 

1637 Цволе – Феенорд (16:45 ч.)

Феенорд победил на последните пет меча со овој ривал. Цволе е во грчевита борба за опстанок. Феенорд имаше фантастичен меч во четвртокот во Белград против Партизан и сега реално треба лесно да стигне до три бода и во првенството.

На 25 меча кои ги одигра Феенорд сезонава гол разликата му е 57:23, што значи дека вкупно 80 погодоци на 25 меча е просек од над три гола на средба.

Предлог тип: 2&3+ (2.09)

 

1104 Вест хем – Астон вила (15 ч.)

Двете екипи се во сосема спротивна ситуација. Вест хем има три порази во низа, а Астон вила се радуваше на последните три меча. Ако се гледа традицијата, на последните четири меча одиграни во претходните година и пол секогаш двата тима постигнувале барем по еден погодок.

Чеканите дома ретко губат, а интересно е дека Астон вила е единствениот тим во Премиер лигата кој сезонава нема нерешено на гости.

Предлог тип: 1Х&ГГ (1.72)

 

3008 Удинезе – Рома (18 ч.)

Рома очигледно дека конечно ја сфати филозофијата на Жозе Мурињо, па тимот во последните три кола победуваат со само еден даден гол и цврста одбрана. Во есенскиот дел Рома победи минимално со 1:0, а и традицијата покажува неверојатен факт.

На последните осум меча на овие два тима се завршува со играта НГ, односно една од двете екипи да не постигне гол.

Предлог тип: 0-2 (1.84)

- Оглас -

Најнови вести