Прогнозерите никогаш не биле посигурни, а имаат квота од 127 за шест меча

Шест меча треба да се одиграат денеска, за да се комплетира 27. коло на Спортска прогноза. Интересно е дека дури на пет од тие шест натпревари има тим кој е голем фаворит, затоа што над 64 отсто од прогнозерите се со исто мислење.

Речиси 69 отсто очекуваат Евертон да слави над Вулверхемптон, а 67 отсто е сигурноста дека Монако на гости ќе се радува кај Стразбур. Исти 67 отсто е и вербата дека Анже дома ќе го победи Ремс.

Бетис е домаќин на Атлетик Билбао, а 64 отсто од прогнозерите веруваат во „кец“. Сигурицата на денот е победа на Лион против Рен, во што веруваат речиси 88 отсто од прогнозерите.

Единствена дилема е на дербито во Данска. Триумф на Мидтјиланд очекуваат 23 отсто, најголеми се шансите за нерешено (43 отсто), додека 34 отсто се за победа на Копенхаген.

Вкупниот коефициент на овие шест меча е одличен и изнесува 127.

1009 Евертон – Вулверхемптон            1     2.35

1708 Стразбур – Монако                      2     2.85

1705 Анже – Ремс                                1     2.45

1307 Бетис – Атлетик Билбао               1     2.37

2805 Мидтјиланд – Копенхаген            Х2    1.56

1709 Лион – Рен                                  1      2.10

—————————————————————-

Вкупен коефициент                     127

- Оглас -

Најнови вести