Леброн игра во неверојатна форма, а следен на неговото „мени“ е Феникс

8459 Леброн Џејмс (Феникс санс – Лос Анџелес лејкерс, 02:00 часот)

И покрај тоа што Лос Анџелес лејкерс играат лошо сезонава, Леброн Џејмс сам го одржува овој тим во борбата за пласман и тоа во плеј ин турнурот.

Лејкерси се деветти на западот и тешко е да се верува дека ќе влезат директно во плеј-офот, па главната цел сега е насочена да се обезбеди настап и на дополнителното разигрување.

Леброн во последниве седум дена два пати постигнуваше најмалку 50 поени на средбите и покрај тоа што е во 37-та година од животот, тој игра во феноменална форма, која ќе се обиде да ја продолжи и вечерва.

Предлог тип: Леброн Џејмс >29.5 (1.85)

8416 Бостон селтикс – Далас маверикс (20:30 часот)

Неколку средби вечерва се играат од раниот НБА термин, а една од нив е и таа во Бостон. Кога станува збор за Далас, пак тие сезонава играат „топло-ладно“ систем.

На еден натпревар можат да постигнат над 120 поени, додека пак наредниот и тоа против доста послаб тим да уфрлат само 80.

Бостон е добра серија и има пет победи на исто толку натпревари. Ние сметаме дека одбраните на оваа средба ќе имаат своја вечер и дека ќе гледаме мал број на поени.

Предлог тип: <213.5 (1.91)

8418 Оклахома сити тандер – Мемфис гризлис (00:00 часот)

Мемфис е апсолутен фаворит на оваа средба и победата не би требала да биде доведена во прашање. И двете екипи, особено гостите играат на поен повеќе сезонава и со младите играчи се едно од најпријатните изненадувања.

Џа Морант игра во неверојатна форма и вечерва ќе има блесок против исто така младиот домашен тим. Оклахома знае сезонава да изненади неколку далеку поквалитетни екипи од себе, но, фокусот е ставен на иднината, односно на младите играчи кои тек допрва треба да израснуваат во мегаѕвезди.

Предлог тип: 2&>230.5 (2.35)

8420 Њу Орлеанс пеликанс – Хјустон рокетс (00:00 часот)

И покрај тоа што во досегашниот тек од сезонава, Њу Орлеанс игра без Зајон Вилијамсон, тимот некако се одржува на 10-то место на Западот со кое што е во комбинација за настап на плеј-ин турнирот.

На полноќ ќе се соочат со Хјустон кој има бледа сезона и само со теорија може да влезе во разигрувањето. Победа за домаќините е единствената опција доколку сакаат да останат чекор напред пред Портланд и Сан Антонио кои што чекаат шанса од позадина.

Предлог тип: 1 (1.52)

8417 Орландо меџик – Филаделфија 76-ерс (23:00 часот)

Сосема спротивно е расположението во двете екипи. Орландо е последнопласиран на Истокот, додека во истата конференција Филаделфија е на треттото место, зад Чикаго и Милвоки.

Џоел Ембид и Џејмс Харден се подготвени да имаат уште едно свое шоу, иако доколку Филаделфија направи голема предност, тие ќе бидат на клупата во најголемиот дел од второто полувреме.

Затоа, гостите ќе сакаат што порано да остварат огромна предност, се со цел да се одморат најдобрите кошаркари во завршницата од регуларниот дел од сезоната.

Предлог тип: 2 со хендикеп прво полувреме, -6.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести