Распад систем: Меси и Нејмар најгласно исвиркани во Париз, аплаузи само за двајца (Видео)

Пари Сен Жермен во моментов го игра својот прв меч на свој терен после елиминацијата од Лигата на шампионите, а навивачите јасно и гласно испратија порака до скапо платените ѕвезди.

При претставувањето на фудбалерите пред почетокот на мечот со Бордо, публиката ги исвирка сите, освен Мбапе и Нуњо Мендеш.

Најгласни свирежи имаше за Меси, Нејмар и Вајналдум. Освен ова, имаше и навредливо скандирање кон Нејмар, кого го нарекоа ку.вин син.

https://twitter.com/i/status/1502980236798951424

- Оглас -

Најнови вести