Ниту во 27-мото коло не се пронајде мајстор којшто ќе ги погоди сите 13 натпревари и да го добие прекрасниот „ајфон 12“ како подарок. Тоа е најмногу „благодарение“ на натпреварите од француската лига, коишто испаднаа со неочекувани резултати и непријатно ги изненадија нашите играчи.
Најблиску до ваучер беше Божидар Р., кој погоди девет натпрревари, но како што кажавме, токму поради натпреварите од Лига 1, тој остана со празни раце.
Тој предвидуваше победа на Нант на гостински терен кај Троа, а се случи токму спротивното и трите бода останаа кај домаќините. Идентична слика гледавме и на средбата меѓу Стразбур и Монако, каде што голем дел од играчите веруваа во победа на Монако, но тоа не се случи.
А Божидар очекуваше и реми меѓу Лион и Рен, а наместо тоа се случи „потоп“ на домаќините, коишто загубија со 2:4.
Изненадувачки голем беше процентот на оние кои се надеваа дека Динамо Загреб ќе се радува на победа во дербито со Хајдук, а средбата заврши без погодоци.
Во генералниот пласман, пак, Христијан Т. е во водство со 192 поени, пред Живко Д., кој има 191. На третото место се наоѓа Богољуб Ј. Како што е добро познато, победникот во оваа сезона на крајот ќе добие Смарт ТВ од 48 ични, второпласираниот ќе освои 500 илјади SL маркет поени, треттопласираниот 400 илјади поени, четвртиот 300 илјади поени и петтопласираниот 200 илјади СЛ маркет поени.
Паровите за новото коло ќе бидат познати утре, во 14 часот, а за тие што уште не се дел од ова натпреварување, можат бесплатно да се регистрираат правејќи СЛ клуб картичка во некој од уплатните објекти на Sport Life, која можете да ја добиете исто така бесплатно.