Ги „измешаа“ брзините – Ултрасите на ПСЖ ги бркаат Катарците од клубот (ФОТО)

Незадоволството меѓу навивачите на ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид и понатаму трае.

Тимот составен од мегаѕвезди никако да ја освои Лигата на шампионите и покрај неверојатните вложувања на катарските спортски инвеститори предводени од сопственикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Сепак, ултрасите на ПСЖ се чини дека отидоа чекор предалеку барајќи Катарците да го продадат тимот и да си заминат од Париз бидејќи пред една декада, пред нивното доаѓање, ПСЖ беше тим за потсмев во Франција којшто не успеваше да биде ниту во најдобрите 10 во Лига 1.

На фотографијата пишува „Леонардо/Насер Париз никогаш нема да биде катарски“.

Јасно е дека со доаѓањето и инвестициите, апетитите пораснаа, но Катарците го спасија клубот од пропаст и со навистина големи инвестиции го лансираа во европскиот врв.

- Оглас -

Најнови вести