Баерн Минхен ја игра најлошата пролетна полусезона во последните 10 години

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен атакува на јубилејната 10-та титула во Бундеслигата. Баварскиот гигант е лидер на табелата, но резултатите покажуваат дека Баерн ја игра најслабата пролетна полусезона во последните 10 години.

За девет одиграни меча во Бундеслигата, Баерн освои едвај 17 бодови. На последните два меча ремизираше во дерби-дуелите со Баер Леверкузен и Хофенхајм, па за првпат откако на клупата е Јулијан Нагелсман, Баерн „врза“ два меча без победа во првенството.

Борусија Дортмунд е најголем ривал за Баерн во трката за трофејот во домашното првенство. Баерн е лидер со 60 бода, додека Милионерите од Дортмунд имаат 53 бода и меч помалку, тој против Мајнц на гости кој треба да го одиграат в среда.

- Оглас -

Најнови вести