Среќен кумановец погоди два пресврти полувреме-крај, Хетафе и Валенсија спречија милионска добивка во Радишани

Викендов беше особено успешен за четворица обложувачи кои од петокот до неделата уплатиле тикети во објекти на Sport Life.

Во Куманово, со уплата од 100 денари, еден играч стигна до добивка од 62.275 денари, и тоа само со два одиграни фудбалски натпревари на кои се погодени пресврти полувреме-крај.

За Лудогорец – Левски е прогнозирано „два во еден“, а за Цволе – Феенорд „еден во два“. Лудогорец со гол во 90-тата минута на Сотириу дојде до победа од 2-1 во бугарското дерби, откако Сините од Софија водеа со 1-0 по првото полувреме. На мечот во Холандија покритично беше првото полувреме, во кое Цволе поведе дури во судиското продолжение.

НА СИСТЕМСКИ ТИКЕТ 14/16, ПОГОДЕНИ 15 МЕЧА, ЗА МАЛКУ ПОБЕГНА МИЛИОН

Во скопската населба Радишани, еден играч со уплата од 350 денари составил тикет со систем 14/16, што се 120 комбинации. Потенцијалната максимална добивка беше 1 милион денари, а овој прогнозер заработи 136.676 денари. Од 16-те меча каде што се погодувани разни игри, утнат е само еден, и тоа со квота 2.15 на играта ГГ на средбата Хетафе – Валенсија. Мечот во Мадрид заврши 0-0. Ако двата тима дадеа по еден гол, добивката ќе беше милионска.

ИСТА ИГРА НА ГОЛОВИ ДОНЕСЕ РАДОСТ ВО ВИНИЦА И ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

Во Виница некој прогнозер вложил 200 денари, а добитниот тикет носи 126.115 денари. Погодени се пет фудбалски и еден кошаркарски меч од НБА-лигата. На фудбалските мечеви погодено е дека тимовите ќе даваат по еден до три гола во двете полувремиња.

Во скопско Дебар Маало, со скромни 30 денари уплата, еден добитен тикет вреди 89.474 денари. Таму се наоѓаат шест меча одиграни во петокот, а играта е иста, по 1-3 гола во двете полувремиња за одбраните шест екипи.

- Оглас -

Најнови вести