Лос Анџелес лејкерс загубија од Торонто репторс пред своите навивачи со 103:114 и со тоа уште еднаш им приредија непријатно изненадување.
„Езерџиите“ беа во негатива речиси во текот на целата средба, а во еден момент од втората четвртина, Леброн Џејмс полуде по своите соиграчи и почна да вика и од нервоза да мава силно со баскетот.
Тој на крајот беше најефикасен со 30 поени, но попусто кога неговиот тим го доживеа четврттиот пораз во последните пет натпревари.
Никола Јокиќ и Денвер нагетс пак ѝ одржаа лекција на Филаделфија, и тоа на нејзин терен победувајќи ја со 114:110. Српскиот кошаркар имаше дабл-дабл од 22 поени и 13 скокови.
НБА
Кливленд кавалирс – Лос Анџелес клиперс 120:111
Атланта хокс – Портланд трејлблејзерс 122:113
Филаделфија 76-ерс – Денвер нагетс 110:114
Оклахома сити тандер – Шарлот хорнетс 116:134
Сан Антонио спарс – Минесота тимбервулгс 139:149
Голден стејт – Вашингтон визардс 126:112
Сакраменто кингс – Чикаго булс 112:103
Јута џез – Милвоки бакс 111:117
Лос Анџелес лејкерс – Торонто репторс 103:114
@WorldWideWob Lebron is HEATED. 👀 pic.twitter.com/nMuqcmako9
— Toby (@Go_Warriorsss) March 15, 2022