Прогнозерите силно му веруваат на Арсенал

Натпреварите од новото, 28-мо коло на Спортска прогноза се тука, а играчите веќе наголемо ја прогнозираат „среќната 13-ка“, која доколку ја погодат, за подарок ќе го добијат прекрасниот „ајфон 12“.

Како што е добро познато, потребно ќе биде да се погодат сите 13 натпревари за да се добие прекрасниот „ајфон 12“, едно промашување носи ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека две утки даваат ваучер од 500 денари.

Првата средба од новата рунда е во сабота од 13:30 часот и поради тоа играчите ќе мора да подранат со прогнозирањето во сабота. Ова е за тие што обожаваат да играат на „пет минути“ до пред почетокот на првата средба.

Во тој саботен термин ќе се сретнат Астон вила и Арсенал, две екипи коишто се освежување во оваа сезона. Домаќините под водство на Стивен Џерард играат навистина одлично, додека Топчиите по долги сезони се конкурентни за влез во топ 4 и пласман во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа, голем дел од прогнозерите, односно 66,02% веруваат во победа на Арсенал, а 12,30% очекуваат триумф на Астон вила.

Од нив 21,68% сметаат дека нема да има победник на овој меч. Доколку сè уште не сте прогнозирале, тоа може да го сторите со притискање на копчето „прогнозирај“ подолу.

А доколку, пак, не знаете како да учествувате во оваа бесплатна игра, сè што треба да направите е да имате бесплатна SL картичка за којашто можете да аплицирате во кој било уплатен објект на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести