Јасир Асани кој потекува од школата на Вардар чека спортски пасош од ФИФА за да може да настапува за сениорската репрезентација на Македонија.
Асани кој е роден во Скопје има четири настапи за нашата млада селекција, за потоа да одлучи да настапува за Албанија. Но таму одигра само еден натпревар за младата селекција.
Тој во моментов настапува за унгарскиот клуб Кишварда. Асани игра на позицијата крило, а во својата кариера покрај Вардар и сегашниот клуб, има настапувано и за Шкупи, Победа, Партизани од Албанија и АИК од Шведска.