ФФМ добила 2.604 барања за билети, само половина од нив ќе го гледаат баражот во Палермо!

Фудбалската федерација на Македонија објави дека за плејоф-натпреварот Италија – Македонија за пласман на СП 2022 преку електронска форма има добиено вкупно 2.604 барања за купување влезници за мечот во Палермо.

Бројката на пристигнати апликации е примена до 15 март.

„Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на стадионот ‘Ренцо Барбера’ во Палермо, но истовремено праќаме важна напомена дека Фудбалската федерација на Македонија располага со лимитирана квота билети која ни беше ставена на располагање според пропозициите на УЕФА (вкупно 5% од капацитетот на стадионот).

Можноста да им овозможиме купување влезници на сите наши фанови практично е невозможна. Имајќи го предвид бројот на билети кои ги имаме на располагање, ФФМ може да задоволи околу педесет проценти од лицата кои аплицираа за билети“, објаснуваат од Федерацијата.

ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со навивачките групи во нашата држава кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата во Палермо и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност околу 150 навивачи организирано да патуваат во Италија.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа и дополнително да се приближиме кон пласман на СП во Катар 2022“, велат од ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести