Ждрепката за ЛШ е во петок напладне, Баерн и Бенфика се последниот блок за титула на трилингот шпански и англиски екипи

Ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок точно напладне, а веќе нема посебни правила и исклучоци, па сите екипи може да играат меѓу себе во форматот со по три клуба од Шпанија и од Англија, плус Баерн и Бенфика.

Во октетот најдобри во Европа сезонава се трите шпански екипи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Вилјареал и трилингот англиски екипи, Челзи, Манчестер сити и Ливерпул.

Во оваа фаза е дозволено да играат клубови од исти земји и екипи што беа во иста група во првата фаза од Лигата на шампионите.

Најтрофеен клуб е Реал Мадрид со 13 пехари, а од екипите што ќе се борат за нова титула во ЛШ, Ливерпул и Баерн имаат по шест трофеи и Бенфика и Челзи по два.

Без шампионска круна се Манчестер сити, Атлетико Мадрид и Вилјареал.

На ждрепката во Нион во петок ќе бидат одредени четвртфиналните парови во Лигата на шампионите, но и проектираните полуфиналиња.

Финалето ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести