Мајсторски тикет: Го погоди изненадувањето на Вилјареал, а одлично се типувани и победите на Ливерпул и Челзи

Вилјареал направи изненадување и со 3:0 славеше во Торино против Јувентус за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Иако многумина обложувачи веруваа во победа на Јувентус, имаше и такви мајстори кои не само што погодија дека Вилјареал ќе победи, туку погодената прогноза е на полувреме и на крај.

Јувентус и Вилјареал на полувреме играа 0:0, а во последните 15 минути Жолтата подморница даде три гола за добитен Х-2 со коефициент 8.25. Иста е тактиката и на Арсенал – Ливерпул. На полувреме беше 0:0, а фаворитот Ливерпул даде два гола во вториот дел за погодено Х-2.

Третиот погоден пар на тикетот со три меча е Лил – Челзи. Лондонскиот тим победи со 2:1, иако Лил прв даде гол. Челзи израмни на 1:1 во 45+3 минута и тоа беше многу важен погодок за овој тикет да е добитен. Комбинацијата беше Челзи да даде еден гол во двете полувремиња, а на крајот тоа и се случи, па само со три меча погоден е коефициент од 171.

- Оглас -

Најнови вести