УЕФА предмалку го заврши ждребот за четврт-финалето, полуфиналето и финалето во Лигата на шампионите кое ќе се одигра во Париз.
Актуелниот првак Челзи ќе се соочи против најтрофејниот во Лигата на шампионите. Додека, пак, Манчестер сити за противник го доби Алетико Мадрид, кој по елиминацијата на Манчестер јунајтед, повторно се враќа во истиот град.
Првите натпревари од четврт-финалето се играат на 5 и 6 април, додека реваншите се на 12 и 13 април. Полуфиналињата ќе бидат одиграни на 26 и 27 април, а реваншите се на 3 и 4 мај.
Големото финале на „Стад де Франс“ е закажано за 28 мај.
ЧЕТВРТФИНАЛЕН ЖДРЕБ ЗА ЛШ
Челзи – Реал Мадрид
Манчестер сити – Атлетико Мадрид
Виљареал – Баерн Минхен
Бенфика – Ливерпул
ЖДРЕБ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛШ
Челзи/Реал Мадрид – Манчестер сити – Атлетико Мадрид
Бенфика/Ливерпул – Вилјареал/Баерн Минхген